Изгаснат e пожарот помеѓу селата Буковиќ, Ласкарци и Раовиќ – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/19 7:47 AM

Изгаснат e пожарот помеѓу селата Буковиќ, Ласкарци и Раовиќ

Синоќа во 23.3 минути целосно е изгаснат пожарот пожарот што вчера околу 8.30 часот избувна на отворен простор помеѓу селата Буковиќ, Ласкарци и Раовиќ. Со пожарот била зафатена ниска деградирана и мешана шума. За гаснење на пожарот во текот на денот интервенирале 3 противпожарни возила со 10 пожарникари како и едно возило со 4 вработени од Македонски Шуми и (ШС Караџица), соопшти Центарот за управување со кризи.