Ново убиство на железничка станица во Германија – ММС
ММС

Објавено на: 08/17/19 10:04 PM

Ново убиство на железничка станица во Германија

Жена и маж се смртно избодини на преполната станица на железничката мрежа во германскиот град Изерлон, соопшти во саботата полицијата, наведувајќи дека станува збор за ткн „насиство во врска“, а станува за третиот смртоносен напад на железничка станица во Германија за помалку од еден месец.

Полицијата на местото на злосторството уапсила 43-годишен маж во врска со нападот врз 32-годишна жена и момче на 23-годишна возраст, пренесува Associated Press.

Изминатите седмици во Германија се случија уште две слични убиства на железнички станици. Момченце на осумгодини загина на 29-ти јули во Франкфурт, кога заедно со мајка му под воз ги турна 40-годишен Еритрец кој живеел во Швајцарија, и кој сега е ставен на психијатриска терапија.

Претходно на 20-ти јули во Верде 34-годишна мајка беше турната од перон на шините. Загина под налетот на воз кој пристигнувал. Беше соопштено дека 28-годишен маж, наводно нејзин познаник, ѝ се приближил на жената од задгрб и ја турнал на шините.