Расправија помеѓу комшии во скопско Драчево, прераснала во тепачка.
„Инцидентот се случил вчера околу 20 часот на улицата „Герника -1“ во Драчево, кога бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка меѓу лицата Д.С.(58), Ж.С.(32) и Т.В.(51) од една страна и С.С.(31), С.С.(22) и М.С.(42) од друга страна. До расправијата дошло поради недоразбирање околу користење на патот до нивните куќи“, информираат од МВР.