Научниците откриле вакцина против алергија на мачки – ММС
ММС

Објавено на: 08/17/19 4:01 PM

Научниците откриле вакцина против алергија на мачки

За љубителите на мачки, кои од здравствени причини не можат да престојуваат во близина на своите миленичиња, научниците открија вакцина која ја лекува алергијата на мачки.
Лицата кои имаат дијагностицирана алергија на мачки всушност се алергични на протеинот Фел-д1, кој се наоѓа во крзното на животното. Овој протеин се закачува на првутот на мачката и на тој
начин се шири низ просторот во кој се наоѓа мачката.

Кога протеинот Фел-д1 ќе влезе во организмот на лицето кое е алергично, тогаш доаѓа до зголеменопроизводство на хистамин и предизвикува црвенило во очите, кивање и отежнато дишење. Тоа е посебно опасно за лицата кои боледуваат од астма или некој друг облик на болест што влијае на дишните патишта.

Вакцината наречена „HypoCat“ е решение за сите лица кои го имаат овој проблем.
Научниците ја развивале вакцината повеќе од десет години, а според нив,  досегашните истражувања и експерименти покажале дека е многу делотворна. Вакцината се инјектира во
мачките, го зајакнува нивниот имунолошки систем, помагајќи им на тој начин да го елиминираат протеинот Фелд1 од организмот.

За жал, оваа вакцина се уште не е достапна за комерцијална употреба.

а1он.мк