Димковски: В понеделник ќе се знае што по најавата на Косово за забрана за увоз на компири и мед – ММС
ММС

Објавено на: 08/17/19 3:22 PM

Димковски: В понеделник ќе се знае што по најавата на Косово за забрана за увоз на компири и мед

Како домашните властите ќе одговорат на забраната од Косово за увоз на компир и мед ќе биде познато в понеделник кога на иста маса ќе седнат министрите за економија и земјоделство и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Откако пред пет дена државава воведе забрана за увоз на икри и млади риби од Косово а оттаму експресно излегоа со контрамерка, првиот човек на земјоделство Димковски најави дека сериозно ќе се пристапи кон решавање на проблемот за да не се продлабочат трговските бариери.

Министерот вели, се додека косовските власти не излезат со конкретните докази и сертификати за квалитетот на рибата, таа ќе се третира како небезбедна за нашиот пазар а дотогаш ќе се почитуваат европските норми за контрола на квалитет.

„Немаат експлицитна забрана затоа што тие производи се од Косово, туку мониторингот кој треба да го применуваат важи и за други држави. Доколку докажат дека го спроведуваат тој мониторинг, апсолутно не е никаков проблем. Работиме за да добиеме дозвола која ја очекуваме следната година за извоз на свежа риба од Македонија кон европскиот пазар, затоа стандардите се покачени.“

Од министерството за економија информираа дека оваа мерка со која се забранува увозот на икри и млада риба е воведена согласно прописите на ЕУ за увоз на овие производи, како и во корелација на Спогодбата за санитарни и фитосарни мерки.

Од земјава кон Косово годишно се извезуваат од 40 до 1000 тони компир, а за истиот период извозот на мед достигнува вредност од околу 400 илјади евра.