Лајсер Гајзер, кој почна да објавува видео и аудио снимки во италијански „Ла Верита“ за случајот „Рекет„, преку својот профил на Фејсбук објави дека профилот му е хакиран.
-Ако можете да ја прочитате оваа порака: мојот профил е хакиран! Ниеден нов профил не е мој! Тоа е стапица! Многу веројатно некој се обидува да ја улови опозицијата на владата! Ве молиме, не контактирајте ниту еден друг профил на Ларис Гајсер!, напиша Гајсер на Фејсбук.
При тоа во една од конверзациите, Гајсер објави принт скрин од извесна Кумановска група.
Гајсер објаснува хакирани се некои од лажните профили што со неговата идентична фотографија се појавиле на социјалната мрежа.
Гајсер во изјавите за некои од македонските медиуми најавува објавување на уште нови материјали за „Рекет“, но додава, откако ќе се осигураат неговите извори.