Со државни и воени почести интонирање на Македонската и химната на АРМ пречек и испраќање на државното знаме во тетовската касарна Кузман Јосифоски Питу беше одбележан денот на АРМ
Воедно во тетовската касарна беше одбележана и 27 годишнината од формирањето на АРМ, процес која како што кажа потполковник Изаир Ејупи бил тежок и долг.
Изјава Изаир Ејупи потполковник на тетовски гарнизон.
Пред присутните беше потенцирано дека за овие 27 година Македонската армија прераснала во модерна професионална и добро обучена сила, рамо до рамо со армиите на земјите членки на Европската унија и Нато.
На одбележувањето беше презентирана воената опрема од тетовската касарна.
На свеченоста, дел од припадниците на армијата добија признанија и награди за досегашните достигнувања и покажана дисциплина.
Зоран Димовски