Две лица загинаа, а четворица се повредени при вооружен инцидент што се случил во близина на кампусот на Државниот универзитет Алабама. Според полицијата, една од жртвите починала на местото на инцидентот, а другата во болнициа.
Деканот на Универзитетот, Квинтен Рос истакна дека пукотницата не се случила во кампусот, туку во една од зградите во близина.
Полицијата не соопштува повеќе детали за инцидентот.