Еден од спортските директори на Јувентус, Фабио Паратичи, потврди дека постои интерес за Паоло Дибала, но и околу тоа дека Јувентус нема непотребни играчи за продажба.
Паратичи зборуваше и за можноста Мауро Икарди од Интер да премине во Јувентус на крајот од трансфер периодот.
„Како што наближува крајот на трансфер периодот, имаше многу коментари и интерес за Паоло Дибала, но Јувентус нема потреба да продава на сила од фудбалерите. Смирени сме и самоуверени. Дибала е како и сите други останати, одличен играч на клубот. Има интерес за него, но за тоа ќе зборуваме сите во бордот на клубот“.
„Што се однесува до шпекулациите со Икарди, тој е фудбалер на Интер, така да ние зборуваме само за играчи кои се дел од Јувентус, додека и за Марио Манџукиќ има преговори, и тој е одличен фудбалер на Јувентус“, порача Паратичи.
Помеѓу Интер и Јувентус се шпекулираше дека постоеле преговори и за можна трампа меѓу Икарди и Дибала.
Извор: sportclub.mk