Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Кјелини, смета дека сезонава под најсериозен притисок за освојување на Скудето нема да биде неговиот Јуве, туку дека тоа ќе бидат Интер и Наполи.
Јувентус останува и на почетокот од новата сезона јасен фаворит за освојување на Скудето, а веднаш зад нив ќе ја демнат Старата дама, Интер и Наполи.
Во интервју за Газета, Кјелини посочи дека Интер и Наполи се први и под притисок за Скудето.
„Разлика постои меѓу првите три тима и останатите, барем на хартија е тоа така, но кога сте на терен, никому нема да биде лесно да го освои Скудето. Сигурно дека сезонава под поголем притисок ќе бидат Интер и Наполи во борбата за Скудето. Ние сме тие три екипи кои високо ќе котираат и ќе се борат за трофејот, но само еден тим ќе го подигне трофејот, се надеваме дека тоа ќе бидеме ние“, порача Кјелини.
Извор: sportclub.mk