ВИДЕО: Со музика, тапани и аплауз Томор Морина пречекан вo Косово – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/19 11:33 AM

ВИДЕО: Со музика, тапани и аплауз Томор Морина пречекан вo Косово

Поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина, кој македонските власти не го испорачаа на Белград по потерница од Србија, дочекан е синоќа во својата родно Ѓаково како херој, пишува приштински „Газета Експрес“.

Весникот пренесува дека Морина по излегувањето од скопскиот затвор во Шутка го пречекале претставници на амбасадата на Косово во Скопје, членови на семејството и пријатели со музика.