Повеќе нема да може секој да го искачува Монт Еверест: Непалската влада воведува нови правила – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/19 11:34 AM

Повеќе нема да може секој да го искачува Монт Еверест: Непалската влада воведува нови правила

Планинарите кои сакаат да се искачат на Монт Еверест пвро би требало да докажат дека се искусни планинари, препораките се направени од работните групи кои ја советуваат владата.

Во извештајот на работната група се наведува дека оние кои аплицираат за планинарски дозволи мора да имаат доказ дека и порано искачувале некои од непалските врвови од најмалку 6.500 метри висина, пишува Би Би Си.

Исто така ќе мора да имаат сертификат за физичка подготвеност и мора да користат искусни водичи.


Расправата за ова следела откако изминатите години, 11 лица го загубија животот на Монт Еверест.

Девет лица смртно настрадале на непалската страна на Еверест, а двајца на тибетанскиот дел, додека гужвата на врвот е наведена како причина за смрт на најмалку четири личности.

Извештајот на работните групу исто така предлага дозволата за искачување на Еверест да се наплаќа најмалку 35.000 американски долари, а 20.000 за другите планини над 8.000 метри, пренесува Радио Сараево.

Во Непал се наоѓаат осум од 14 највисоки врвови на светот, а странските планинари се голем извор на приходи. Работната група се состои од владини застапници, експерти за планинарење и планинарски агенции.

Ваквите одлуки се донесени по критиката на искусни планинари и водичи дека системот дозволува било кој да плати 11.000 долари за да се качи на Монт Еверест. Непалската влада за оваа планинарска сезона издала рекордни 381 дозвола за искачување на Монт Еверест.