Во Пула денеска е донесена нова одлука, според која се забранува сушењето на алишта во јавност, а казните за овој прекршок се движат од 34 до 70 евра.
Ова значи дека , покрај градовите Риека, Шолта, Млет, Каштелите, Пула е уште еден хрватски град каде што мештаните веќе нема да можат да ги сушат алиштата на јажето од прозорец до прозорец, односно на таканаречените тирамоли.
Оваа одлука предизвика реакции меѓу жителите на Пула, кои сушењето на облеката на тој начин го сметаат за традиција, јавуваат хрватските медиуми.