Зинедин Зидан се наоѓа на чекор од оставка на тренерското место во Мадрид.
Барем така тврди шпанскиот новинар Диего Торес кој во разговор за британски „Индепендент“ истакна дека францускиот стручњак за тоа размислува бидејќи не успеал да го доведе Пол Погба од Манчестер Јунајтед.
„Тоа што Пол Погба не дојде го доведува Зидан до работ на оставка. Лично му ветил на Погба дека ќе го донесе во Мадрид и тоа не го исполни. Фактот дека не го оствари трансферот кој го сакаше ги разниша односите меѓу Зидан и претседателот Флорентино Перез“, соопшти Торес.
Зидан ова лето доведе голем број играчи, но само едно големо име – Еден Азар. Многумина сметаат дека премалку е направено за „Кралевите“ да се борат за трофејот, а навивачите не се среќни ни поради игрите од предсезоната.
Реал не блескаше. Доста лоши односи има внатре во тимот, повеќе се зборува за Герет Бејл и неговите односи со Зидан, отколку за убави работи, па „Кралскиот клуб“ во моментов е во проблеми.
До крајот на преодниот рок во Шпанија има уште доста. Трансфер пазарот се затвора на 2. септември и не е невозможно „Кралевите“ да направат уште еден голем трансфер.
Извор: sportclub.mk