Кадетките заминаа на ЕП во Софија, утре отвараат против Холандија – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/19 12:58 PM

Кадетките заминаа на ЕП во Софија, утре отвараат против Холандија

Женската кошаркарска репрезентација до 16 години замина за Софија, Бугарија каде во наредните десет дена ќе учествува на Европското првенство, дивизија Б.

Кошаркарките речиси два месеца тренираа во Скопје и во Маврово, а одиграа и пријателски натпревари на домашен терен.

Нашата кадетска репрезентација е сместена во единствената група со пет репрезентации, групата Д против соодветните национални селекции на Луксембург, Холандија, Бугарија и Украина.

Првенството ќе го отвориме утре против Холандија од 19:30 часот.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

15 август 2019:
ХОЛАНДИЈА – МАКЕДОНИЈА

17 август 2019:
МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА

19 август 2019:
ЛУКСЕМБУРГ – МАКЕДОНИЈА

20 август 2019:
МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА