Женската кошаркарска репрезентација до 16 години замина за Софија, Бугарија каде во наредните десет дена ќе учествува на Европското првенство, дивизија Б.
Кошаркарките речиси два месеца тренираа во Скопје и во Маврово, а одиграа и пријателски натпревари на домашен терен.
Нашата кадетска репрезентација е сместена во единствената група со пет репрезентации, групата Д против соодветните национални селекции на Луксембург, Холандија, Бугарија и Украина.
Првенството ќе го отвориме утре против Холандија од 19:30 часот.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
15 август 2019:
ХОЛАНДИЈА – МАКЕДОНИЈА
17 август 2019:
МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА
19 август 2019:
ЛУКСЕМБУРГ – МАКЕДОНИЈА
20 август 2019:
МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА


