Фосил од пингвин со големина на возрасен човек откриен е на јужниот остров на Нов Зеланд, сопштија научниците.
Џиновска морска птица „crossvallia waiparensis“ била висока околку 160 сантиметри и тешка околу 80 килограми, 40 сантиметри повиска и четири пати потешка од сегашниот царски пингвин, најголем и најтежок од родот на пингвини од Антарктикот.
Џиновскиот пингвин живеел во палеоценот, пред 66 до 56 милиони години.
Палеонтолозите минатата недела соопштиле дека на Нов Зеланд пронашле остатоци Herakla – џиновски пингвин кој живеел пред 19 милиони години.