Доколку немате резервирано сместување подобро не тргнувајте во Грција наредните неколку дена – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/19 9:43 AM

Доколку немате резервирано сместување подобро не тргнувајте во Грција наредните неколку дена

Фејсбук страницата grckainfo.com уште еднаш ги предупредува сите туристи за големиот празник во Грција, на 15 -ти август.

Многу е важно да знаете дека помеѓу 14 и 18 август на патиштата, плажите и летувалиштата во Грција се очекува гужва поради православниот празник Успение на Пресвета Богородица.

Еве што порачува grckainfo.com на сите туристи кои можеби денеска ќе тргнат на пат:
„Повеќето од вас знаат дека на 15 -ти август во Грција редовно се прославува големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица. Поради големиот број на Грци кои овој празник го поминуваат на летувалиштата, помеѓу 14 и 18 август на патиштата, плажите и летувалиштата ширум Грција се очекува поголема гужва од вообичаено “, стои во информацијата на grckainfo.com.

Доколку немате резервирано сместување препорака е да не заминувате за Грција минимум до 20 ти август (посебно со мали деца), бидејќи овие денови во многу комерцијални места многу тешко се наоѓа.

Претходниот викенд малку повеќе се чекало на граничните премини и наплатни рампи па имајте во предвид  ако заминувате на летување во Грција. Оние кои не сакаат да го користат граничниот премин Евзони секогаш може да ги користите и другите премини Дојран, Меџитлија – Ники кај Битола или Кулата Промахонас преку Бугарија. Сите наведени премини работат 00 -24h.