Пакистан бара од ОН итна седница на Советот за безбедност во врска со Кашмир – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/19 9:11 AM

Пакистан бара од ОН итна седница на Советот за безбедност во врска со Кашмир

Пакистан побара ОН да свика итна седница на Советот за безбедност поради се’ поголемите тензии меѓу Исламабад и Њу Делхи по одлуката на Индија да укине специјален статус на спорната држава Џаму и Кашмир.

– Ситуацијата предизвикува непосредна закана за меѓународниот мир и безбедност – наведува пакистанскиот министер за надворешни работи, Шах Махмуд Куреши во писмо до Советот за безбедност.