Ако Мицкоски, Игор Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ навистина се за правда, тогаш нека повикаат на одговорност и расчистување на сите отворени предмети и истраги. Вака од СДСМ реагираа на денешната прес конференција на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев поврзана со случајот Рекет.
Очигледна е спрегата на ВМРО-ДПМНЕ со криминалците и тајкуните создадени од режимот на Никола Груевски, кои се обидуваат да ја срушат правната држава, да не се донесе законот за ЈО, да се загрози евро-интеграцијата на земјата и да се спасат од одговорност. Додека СДСМ и Зоран Заев се броци за правда, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бранат криминалци, шуруваат со тајкуни и ликови од подземјето. На секого му е јасно дека премиерот Заев нема никаква вмешаност. Сосема спротивно, токму тој го пријави, повикува до крај да се расчи случајот, се бори за правда преку градење на независни и функцинални институции кои вистински се борат со криминалот и корупцијата – велат од владеачката партија.
Социјалдемократите ги охрабруваат институциите да делуваат брзо за целосно расчистување.