Песокот собран од куферите на туристите кога ќе ја напуштат Сардинија се враќа таму каде што припаѓа – на бреговите на италијанскиот остров.
Локалните власти и експертите за заштита на животната средина во соработка со аеродромот „Олбија“ ги враќаат песокот, чакалот и школките одземени од патничкиот багаж на плажите на познатиот Смарагден Брег.
Аеродромот „Олбија“ спроведува систематски проверки на патничкиот багаж за да спречи шверц на песок, што се казнува со парична казна од 500 до 3.000 евра.
Во последните десет години тие заплениле околу десет тони песок, главно шверцувани во шишиња од половина литар, изјави директорот на морскиот резерват на Сардинија.
Извор: denar.mk