Советот на Кривичниот суд во Скопје одговори позитивно на барањето на Обвинителството за организиран криминал и коруцпија за продолжување на притворот на двајцата осомничени во случајот „Рекет“ – Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милевски (Зоки Кичеец).
„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Б.Ј. и З.М. опфатени во предметот во медиумите познат како „Рекет“, по разгледување и ценење на фактите и доказите донесе решенија со кои го прифати предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена“, се вели во соопштението од Кривичниот суд.
Обвинителството за организиран криминал во петокот (9 август) побарало продолжување на мерката. Првоизречената мерка за притвор од 30 дена за двајцата осомничени истекува утре.