Конзорциум од три фирми во Теарце ќе гради канализационен систем – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/19 12:09 PM

Конзорциум од три фирми во Теарце ќе гради канализационен систем

Конзорциум од три фирми од Македонија, Бугарија и Турција е во преговори за инвестирање во изградба на канализационен систем и пречистителна станица за Општина Теарце.

Во ниту едно село во Општина Теарце нема изградено канализација, отпадните води директно се испуштаат во реките.

Инвестицијата на конзорциумот е од големо значење за општината, но реализацијата на овој проект ќе зависи и од централната власт која издава дозволи за вакви инфраструктурни зафати – рече градоначалникот на Општина Теарце, Исен Асани.

Во план е со канализациониот систем и пречистителните станици да управува конзорциумот и Општина Теарце по систем на јавно – приватно партнерство.

Доколку се реализара овој проект, инвестицијата би чинела околу 11 милиони евра.

 

Зоран Димовски