Капењето на Дуња и Даела вистинска атракција во светот (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/19 9:44 AM

Капењето на Дуња и Даела вистинска атракција во светот (ВИДЕО)

Слониците кои станаа вистинската атракција во скопската Зоолшка Градина, Дуња и Даела нивната популарност не засатана тука. Нивниот необичен начин на капење за време на топлото време кај нас беше пренесено на бугарската националана телевизија.

Дуња, Даела и нивното летно освежување апсолутен хит и на американските телевизии- Мајами, Денвер, Минесота, Лос Анџелес, Бостон.  Двете слоници ги засенија сите останати вести во светот.

„Топлото време ги прунуди жителите во скопската Зоолошка градина да измислат нетрадиционален начин за ладење на животните.

Температурите во Скопје достигнаа близу 40 степени Целзусови, а прогнозата за топлото време е дека ќе продолжи и во текот на оваа недела.

За да се изладат слоновите во зоолошката градина, вработените ги прскаат со вода со црево за гаснење пожар“, напиша btvnovinite.bg.

Оваа информација беше споделена и на официјалната фејсбук профил на Зоолшката градина.

Погледнете го видеото како изгледа капењето на Дуња и Даела:

Фото: www.skd.mk