Кина ја претстави својата криптовалута која има специјална намена – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/19 9:30 AM

Кина ја претстави својата криптовалута која има специјална намена

Кинеската народна банка објави дека нејзините виртуелни пари наскоро би можеле да се најдат во оптек. Нивната ChinaCoin повеќе нема да биде класична криптовалута  затоа што е развиена од страна на Кинеската народна банка со поддршка на комерцијалните кинески банки, па не функционира како биткоин и сличните дигитални валути, иако делумно се потпира на блокчеин технологијата.

Со други зборови, иако Кинеската народна банка ја најави својата дигитална валута како „голема работа“ за паричните трансакции во Кина, тоа не значи дека ќе ја создаваат „рудари“, туку ќе се работи за дигитални пари кои ќе ги издаваат банките под контрола на државните институции, на потполно ист начин како што го пуштаат јуанот во оптек. Разликата е во тоа што нема да ги печатат.

Имајќи ја предвид прилично големата блокада на информации кои доаѓаат од Кина, се уште не се познати детали за овие дигитални пари. Причината за овој потег на Кинеската народна банка може да се бара во незадоволството на дел од кинеската економија “заради пореметување на валутниот пазар предизвикано од криптовалути“.  Втората причина е настојувањето на Пекинг да развие систем на дигитални пари кои може да се контролираат и со тоа да се намали зависноста од странски технологии.