Една жена е пренесена во болница откако била прободена утрово во центарот на Сиднеј, а тело на друга жена е пронајдено во близина на нападот. Полицијата верува дека нападите се поврзани, иако не се познати мотивите.
Полицијата успеа да го приведе мажот кој ја нападнал. Тој претходно се обидел со нож да нападне уште неколку луѓе, соопшти полицијата.
Според локални медиуми, пронајдено е и тело во близина на нападот, но засега нема полициски информации дека напаѓачот убил човек.
Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат како полициски возила и екипи на брзата помош одат кој улиците каде се случил настанот, а потоа е објавена и снимка од местото на нападот. Засега, најмалку една жена е превезена во болница откако беше нападната маж со нож , кој од полицијата се обиде да избега скокајќи по автомобили.

Жената е прободена од зад грб, а засега е во стабилна состојба. Снимката што ја објави телевизијата 7 News прикажува маж кој извикува „Акбар“, додека скока по автомобили, по што е во конфликт со друг маж.
Еден сведок на настанот вели дека мажот со нож прободел неколку луѓе, пред да ја прободе жената.
WATCH: Video shows the moment a man holding a knife is restrained by members of the public in Sydney's Central Business District; at least one woman has been stabbed according to local media pic.twitter.com/RJj0TJLyce
— BNO News (@BNONews) August 13, 2019


