Пожар избувна околу 17 часот во близина на железничкиот премин во село Черкези кај Куманово. Повеќе противпожарни екипи од кумановската противпожарна единица се на терен и се обидуваат да го локализираат.Според првичните податоци од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово горат прагови за железничка пруга.
-Несовесност на граѓани носи проблеми со несогледиви последици.Опожарени се складирани дрвени прагови на железничка станица во Куманово, пожарот е локализиран, се гаси и контролира од несакани ширења.Во моментов ППЕ Куманово работи на терен со три возила, оваа акција ќе се оддолжи поради опожарениот материјал кој е битуменизирана сува дрвена маса.Апелирам на смиреност, институциите си ја вршат својата задача, засегнатите граѓани да се обратат на телефонскиот број 195 во ЦУК или кај Ивица Димовски (070312727) началник на општински кризен штаб, напиша Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово
Објавено на: 08/12/19 8:17 PM


