Ромелу Лукаку успеа во намерите и се пресели од Манчестер Јунајтед во Интер. Но според најавите ова нема да биде последен трансфер на оваа релација.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „нераѕурите“ веќе договориле трансфер со уште еден член на „црвените ѓаволи“.
Станува збор за италијанскиот интернационалец, Матео Дармија, но целиот трансфер ќе се реализира дури следното лето кога ќе му истече договорот со Јунајтед.
Дармија инаку е член на тимот од „Олд Трафорд“ од 2015 година.
Извор: sportclub.mk