Навивачите на Манчестер Јунајтед и да сакаа не можеа да посакат по идеален почеток на новата сезона во Премиер лигата.
Во вовдното коло од Премиер лигата, избраниците на Оле Гунар Солскјер славеа убедливо со 4-0 во дерби дуелот против Челзи.
Еден од оние во кои беа вперени сите очи е најновото засилување на „црвените ѓаволи“, Хари Мегваер.
Англискиот репрезентативец кој е најскап дефанзивец во светот, по мечот беше видно задоволен.
„Фантастичен почеток, како за мене, така и за клубот. За првпат игравм пред нашата публика, која ни даде поддршка во текот на сите 90 минути и затоа бевме малку нервозни. Но, успеавме да се справиме со тоа и ја сочувавме мрежата. Нашата желба е „Олд Трафорд“ повторно да го направиме неосвоива тврдина, а сите ние силно веруваме во тоа“, изјави Мегваер.
Извор: sportclub.mk