„Апелирам за оние надлежни кои се во оваа фаза, тоа се првични истражни дејствија да ги остават колективни одмори на страна и да ја почнат својата работа“, вели претседателот Стево Пендаровски, одговарајќи на новинарско прашање дека претседтаелот е разочаран што некои надлежни заминале на одмор, и дали тој имал претходно средба со премиерот Зоран Заев за да ја пренесе неговата загрижености барања со повик за одговорност.
Тој на одговорот додаде дека доколку има потреба дали тоа е Парламентот или Владата веднаш се состануваат. Според Уставот, вели Пендаровски Праламентот заседава постојано, ова мора да важи и за пратениците, обвинителите и судиите.
„Не смееме да си дозволиме кога имаме ваква голема афера да тераме годишен одмор како да е редовна состојбата, а не е редовна состојбата“, вели Пендаровски.
Тој вели дека не се чул со премиерот Зоран Заев ниту со било кој од министрите во Владата, затоа што смета дека нема потреба во овој период.
„Затоа јавно преку вас на овој начин апелирам до тие што се надлежни, да почнат да ја работат својата работа. Мора побрзо да ја тераат таа работа. Не можеме да чекаме ние со месеци и месеци. И од аспект на евроатлантските интеграции ние мораме брзо да ја решаваме таа афера. Можеби во однос на НАТО не, таму сме во завршните фази од процедурата. Во однос на Европската Унија не смееме да оставиме ни најмал сомнеж, ниту кај една единствена земја членка на ЕУ, дека ние не сме подготвени да расчистиме и вакви случаи“, изјави Пендаровски.