Веќе трет ден гостиварци се гушат во чад – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/19 10:10 AM

Веќе трет ден гостиварци се гушат во чад

Веќе трет ден гостиварци се гушат во чад, откако во саботата изби пожар во регионалната депонија во гостиварско Русино. Пожарот вчера беше ставен под контрола, но не е целосно локализиран.

Пожарот изби во саботата напладне, за неколку часа пристигнале противпожарни екипи од Тетово и Гостивар од гостиварски комуналец, кои ја затрупуваа депонијата со земја. На помош пристигнале и екипи од Дирекцијата за заштита и спасување. Пожарот е ставен под контрола но не е целосно локализиран, се уште чади.

Гостиварци веќе трет ден се гушат во облаци од чад. Лоша е состојбата во вечерните часови. Еколошките организации бараат итно гасење на пожарот и решавање на проблемот со депонијата Русино.

Градоначалникот на Гостивар по избувнувањето на пожарот побара помош од централните власти да се справат со пламените јазици во регионалната депонија Русино, која е под ингеренции на владата.

Зоран Димовски