Детали за вчерашната сообраќајна несреќа на патот Куманово – Крива Паланка – ММС
ММС

Објавено на: 08/11/19 10:55 AM

Детали за вчерашната сообраќајна несреќа на патот Куманово – Крива Паланка

Вчера околку 14 часот на магистрален пат А-2 Куманово– Крива Паланка кај село Облавце-Општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило ,,Чироки“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ф.А. (27) од Куманово, патничко моторно возило „Алфа ромео“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А. (38) од Куманово, и товарно моторно возило „Волво“ со турски регистарски ознаки, со приклучна приколка „Караолан“, управувано од М.А. Ѓ. (42) од Република Турција.

На местото на настанот починал возачот на ,,Чироки“ Ф. А.. Сопатниците во истото возило С.Б.(28), Б. С.(26) и М. С. (23) сите од Куманово, како и возачот на ,,Алфа ромео“ Д. А. и возачот на товарното возило „Волво“ М.А.Ѓ. се пренесени во Општа болница во Куманово, каде кај Б. С. и М.А.Ѓ. констатирани се тешки телесни повреди, додека кај С.Б., Д. А. и М.С. констатирани се телесни повреди. Товарното возило „Волво“ по сообраќајната незгода било опожарено. Увид е извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово.