Дорис Пак: Не смее да се замижи пред криминал само зошто се решил името! – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/19 4:48 PM

Дорис Пак: Не смее да се замижи пред криминал само зошто се решил името!

Зошто не реагира ЕЕАС (Европската служба на надворешни работи). Решавањето на прашањето за името не значи да се затворат очи пред криминал. Ова го напиша Дорис пак, германската политичарка и претседателка на асцијацијата на жени во Еврпската народна партија, како реакција за снимките од Рекет.

-Зошто не реагира ЕЕАС (Европската служба на надворешни работи)? Граѓаните ми пишуваат и ме повикуваат! Решавањето на прашањето со името не може да биде причина за затворање на очите пред криминалната реалност! Премиерот на Северна Македонија се споменува во третото продолжение од снимките“, пишува Пак на социјалната мрежа Твитер.