Тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Куманово – Крива Паланка: Има црн чад и пренасочување на возилата – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/19 2:00 PM

Тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Куманово – Крива Паланка: Има црн чад и пренасочување на возилата

Тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово – Крива Паланка, кај местото познато како Војник. Според неофицијални извори станува збор за сообраќајка во која учествувал џип и камион, наверојатно џипот сакал да претекнува и удрил директно во камион.


На самото место на несреќата во моментов се упатуваат три возила на итната медицинска помош, а на местото на сообраќајната несреќа има црн чад најверојатно од екполозијата која следувала по ударот.

Засега нема информации за загинати.

Возилата кои се затекнале на овој патен правец се пренасочуваат по алтенативните локални патишта бидејќи патот е затворен во двете насоки од стравуавње за поголема експлозија.

Засега од МВР се уште не се излезени со официјални информации.