Елизабета Јосифоска: Се видовме со Катица Јанева ама не разговаравме за случајот „Рекет“ (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/19 12:54 PM

Елизабета Јосифоска: Се видовме со Катица Јанева ама не разговаравме за случајот „Рекет“ (ВИДЕО)

„Ова е период на годишни одмори, ние во принцип не сме затворени за јавноста и нашиот став го соопштивме веднаш по оставката на Јанева“, вели Елизабета Јосифоска заменик на специјалната обвинителка Катица Јанева, при телефонското гостувње во емисијата „Стадион“ на Радио Мрежа Канал 77.

Јосифоска истакна дека тие се прават да не и наштетат на постапката за случајот „Рекет“

„Јас не знам чие се име ќе биде спомнато во тие некои наредни  снимки што се најавуваат, но треба да се утврди изворот од надлежниот обвинител кој треба да даде одговор и кој се си зел за право да споменува одредени имиња“, вели Јосифоска во интервјуто.

Таа вели дека не е точно дека тие се насочени едни спрема други и дека прават отклон од Јанева, таа додава дека Јанева има одложена оставка но институцијата продолжува да функционира и веќе од понеделник продолжуваат судските постапки.

„Имаме пред нас многу сериозни прпредмети. Немаме намера да се оградуваме од било кого и секој на крајот на краиштата си е одговорен за своите постапки“, додава таа.

Вели дека  тие се обвинители кои имаме овластувања да ги застапуваме поднесените обвиненија и ќе продолжат да го прават тоа во наредниот период.

„По враќањето од боледување се видов со Катица Јанева имавме вообичаена средба, а предметот „Рекет’ не беше тема на нашиот разговор, појаснува заменик обвинителката на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Јосифоска како заменичка  го потпишала решението да му се издаде пасош на Камчев врз основа на мислење на  специјалната обвинителка Јанева.

“Јас немав никакво сомневање ниту тогаш, ниту сега  дека во позадината на таквото постапување постои нешто криминално“, вели Јосифоска. „Сите обвинители и вработнеи во СЈО ги слушаме снимките и вознемирени сме и шокирани од тоа што е изнесено во нив. Тоа што утрово го слушнав за контролата на Стефанова не можам да кажам што била поентата на Јанева, но според законот  ниту една одлука не може да излезе без согласност на специјалната обвинителка“, изјави таа при гостувањето во „Стадион“, и додава дека немала никакви притисоци или понуди за предметите што таа ги води од типот на случаите објавени во снимките за Империја.

За законот за СЈО вели дека треба што поскоро да се донесе.

„Законот за СЈО треба што поскоро да се донесе. Тоа прашање деновиве се тргна од фокусот на јавноста и се надевам дека снимките ќе го забрзаат носењето на законот, со што  ќе се откочат сите предмети, мошне значајни истраги и предистраги кои ги работиме“ и додава дека „Истрагата за Рекет да бдие брза, ефикасна и неслективна. Од евентуалниот застој во работењето на СЈО ќе имаат корист само одредени осомничени, а не државата и владеењето на правото“, појаснува Јосифоска.

„Предлогот на опозицијата предметите на СЈО да се прераспределат на други обвинитлеи не е најцелисходно решение“, потенцира Јосифоска.

Најголемиот дел од предметите се за сериозен криминал, вели таа  и не постои опасност од застарување, но секое одолговлекување може негативно да влијае на крајниот исход. И вели дека тоа што тимот на СЈО имал различни мислења не значело дека тие биле со нарушени меѓучовечки односи.

„Падот на довербата на СЈО настапи поради закочувањето на предметите по носењето на начелното првано мислење на Уставниот суд“, вели таа.

Кои се десетте  предистраги  „опасни“ за големи поранешни и сегашни моќници засега е тајна, а за евентуалното објавување на прес конференција очекувам специјалната обвинителка да одлучи по завршувањето на годишниот одмор. Да не забораваме дека зкаонот за СЈО  важи уште една година, но очекуваме брзо ново законско решение со кое ќе бидат отстранети сите недоумици, различни читања, изјави Елизабета Јосифоска при гостувањето во емисијата „Стадион“ на Радио Мрежа Канал 77.

Подолу може да го погледнете видеото од гостувањето на обвинителката: