Рики Мартин на социјалната мрежа „Инстаграм“ ја покажа својата ќерка Луција Мартин -Јозеф. Рики сподели фотографија од малото девојче кое нежно го држи во рацете. Сликата ја опиша со зборовите „Ла луз де мис јос“ односно „Светлината на моите очи“ и предизвика милост кон еден куп sвезди кои не можеа да се воздржат од коментарите за малото.
Светот дозна за Лусија на новогодишната ноќ кога пејачот и сопругот ја покажаа со скриено лице.
„Среќни сме да објавиме дека станавме родители на убава и здрава девојка по име Луција Мартин-Јосеф. Беше возбудливо време за нас и не можеме да дочекаме да видиме каде ќе не однесе ова девојче “, прокоментира тогаш Мартин.