Италијанскиот весник „Ла Верита“ утрово повторно објави снимка за случајот „Рекет“.Во новата снимка осомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 и сведокот Орце Камчев разговараат за случајот „Империја“, во кој Камчев е првоосомничен и беше во притвор. Во разговорот, Боки 13 го споредува Камчев со Сашо Мијалков, кој, исто така, е осомничен во „Империја“ и го фали Камчев дека е премногу интелигентен.
Транскрипт од дел од разговорот:
Боки 13: Кога викаш дека си законски чист, јас те разбирам. Многу маневрации си ги направил премногу интелигентно.
Орце Камчев: Јас и ти сме слични за тие работи.
Орце Камчев: Татко ми се друга генерација луѓе.
Боки 13: Друга.
Орце Камчев: Шефе, Македонија треба да искористи такви луѓе како мене, како тебе. Во различни сегменти. Не да ги гази во секој поглед.