Кичеец денеска бил однесен во „Жан Митрев“, но е вратен во Шутка – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/19 6:40 PM

Кичеец денеска бил однесен во „Жан Митрев“, но е вратен во Шутка

Еден од двајцата притворени за случајот „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец, по негово барање од притворот во Шутка заминал и е пренесен во клиниката на Жан Митрев.

Според „Вечер“, на Кичеец кај „Жан Митрев“ требало да му се изврши колоноскопија и тоа постапката ќе трае дури три дена, што е невообичаено долг период за овој вид интервенција.

Телевизија Телма јави дека Кичеев, сепак е вратен во Шутка, иако било побарано неговиот престој во приватната клиниката да биде подолг.