Четири млади луѓе загинаа рано утринава во сообраќајна несреќа во Србија на Ибарската магистрала кај местото Жупањац, а уште четири се повредени.
Несреќата се случила кога со автомобил БМВ со брзина од 170 км/ч се забил во „дачија“ која се вклучувала во магистралата. За јачината на судирот доволно зборува фактот што БМВ-то ја влечело „дачијата“ речиси 70 метри додека не завршила на ливада.
Со БМВ-то управувал 27-годишниот Никола М., кој на полицијата ѝ бил познат по брзо возење. Тој е уапсен. Со него во автомобилот биле 20-годишната Катарина Иванковиќ, која седела на задното седиште и загинала на место, нејзината сестра, која седела на совозачкото седиште и преживеала, и пријател кој на полицијата ѝ кажал дека не се сеќава на ништо.
Загинале уште тројца млади луѓе од „дачијата“.
Блиц објави и снимка од несреќата.
МКД.МК