Од Алијансата за Албанците се сомневаат дека надлежните го кријат случајот со пукањето на свадба во Мала Речица – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/19 3:58 PM

Од Алијансата за Албанците се сомневаат дека надлежните го кријат случајот со пукањето на свадба во Мала Речица

Од Алијансата за Албанците се сомневаат дека надлежните го кријат случајот со пукањето на свадба во Мала Речица, каде беше повреден синот на пратеникот од  ДУИ Џеват Реџепи и негов близок роднина. Од партијата на денешната пресс конференција, реагираа и на пропаднатиот проект државна кардиохирургија.

Од Алијансата за Албанците, веалт дека надлежните го кријат случајот оти на свадбата пукал пратеник од  ДУИ. Со цел да не се открие истиот, куршумот на еден од повредените се уште не е изваден од неговото тело.

Од партијата реагираа и на неостварениот проект на владата СДСМ ДУИ за државна кардиохирургија

Оттаму прашуваат кој одлучил доктор Чадиковски да го напушти работното место и да се префрли во приватна болница,  ако на државната кардиохирургија претходно се вложени големи средства, и дали оваа кардиохирургија и понатаму ќе продолжи со работа.