Над 500 затруени во Општина Теарце – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/19 3:52 PM

Над 500 затруени во Општина Теарце

Веќе четврти ден жителите на Општина Теарце се жалат на болки во стомакот, дијареа и повраќање. Досега според податоците од амбулантите се заболени над 500 пациенти.

Бројката е поголема велат теарчани, ако се земе предвид фактот дека не сите кои ги добиле симптомите на стомачниот вирус се обратиле на лекар.

Од амбулантата во Општина Теарце, велат дека состојбата се нормализира и добро е што никој не е задржан на болничко лекување.

Здравствените работници претпоставуваат дека причина за стомачниот вирус е водата за пиење. Земени се мостри од 5 селски водоводи Резултатите покажале дека таа е физичко – хемиска исправна за пиење, но микробиолошките резултати се уште се