Нов лик во приказната – кој е Бобо? – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/19 10:06 AM

Нов лик во приказната – кој е Бобо?

Вечерва ми се гости дома, твојот другар и неговата сопруга, му вели Бојан Јовановски – Боки 13 на Орце Камчев во разговорот што денеска го објави италијанскиот весник „Ла верита“.

– Затоа ми се јави да дојде вечер да гледаме фудбал Јувентус на ТВ. Бобо? Бобо ми се јави пред еден час со Синиша да дојдат да гледаме фудбал вечерва кај мене со вино. Му реков дојди брат, не е проблем. Јас и ти брат сме такви хиени. Бобо ми се јави дека ќе има добар меч вечерва во 9, Јувентус игра, дали сакаш друштво? Му реков дојди, нема проблем. Другар ми е. Вика ќе направиш пршута, сирење, ќе гледаме со Синиша. Реков дојди. Но никој не знае дека на две места кај мене и кај Боки во Тафталиџе дојдоа, хахахаха – вели Камчев.

– Но не живееме ни јас ни ти во Тафталиџе – му вели Боки на Орце.

 

Преземено од: ПлусИнфо