Новинарот Ларис Гајсер, кој ја почна серијата текстови и снимки во италијанскиот весник „Ла Верита“ со речиси политички говор на Фејсбук ги објаснува неговите пориви за објавите, кои од вчера како што пишува укаќуваат на корупцијата и политичките елити во Македонија.
Од 2015 година следам и известувам како еден куп неспособни национални политичари (десно и лево ориентирани!) со соучесници од некои непријателски странски сили , бесрамно играјќи ден за ден со судбина на македонскиот народ. Слепилото на политичките елити измешано со злобните меѓународни притисоци ја доведе Македонија до корупција станувајќи опасен пример за општо прифатена ограничена сувереност.
Сите мои изминати написи и говори ги докажуваат моите напори да ја спречам Македонија да биде понижена, да ја предупредат ЕУ за своето однесување и да ја спасат меѓународната заедница од создавање неприфатливи преседани. Преседаните на Балканот ретко носат придобивки на меѓународната заедница.
Јас не сум богат човек. Јас немам огромни финансиски средства за спроведување на експериментални револуции. Како и моите пријатели во Ла Верита, мразам глупост и манипулации. Ние веруваме во човечката интелигенција и слобода. И двете секогаш го наоѓаат патот да излезат на површина и да преовладуваат. Дури и по долги периоди на понижувања. Моја надеж, денес, со моите извештаи е да ги охрабрам добрите, сè уште независни, слободни судии – вистинските верници во важноста на Владеењето на правото – да истражат и да ја направат Македонија сјаен пример за стабилна земја!
Избегнувајќи да бидам вклучен во внатрешно-политички борби, би сакал да дадам само мал придонес во потрагата по вистината, со цел да му помогнам на македонскиот народ да најде нова сила на патот кон работна држава. Во рамките на тековните многу сложени геополитички промени, ние Европејците и’ должиме на Македонија стабилност, безбедност и единствена историска мудрост. Наместо да биде вештачки изолирана, Македонија ќе стане што е можно поскоро членка на нашата, иако несовршена, Европската унија која ќе нè прави посилни и побогати!, пишува Гајсер, кој им се обраќа на граѓаните на Македонија кои му испратиле понуда за пријателество, дека го поминал лимитот од 5000 пријатели на социјалната мрежа, но ќе направи напор тоа да го исправи.
Објавено на: 08/9/19 9:44 AM