Собир на еколошкото движење на Грета Тунберг во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/19 6:44 AM

Собир на еколошкото движење на Грета Тунберг во Скопје

Скопскиот огранок на глобалното движење за борба против климатските промени на Грета Тунберг, „Петоци за иднината” денеска организира собир во близина на Владата, по повод пожарите што изминатите недели го зафатија северниот дел од Русија .

Според движењето, со оглед на тоа што овие пожари се директен резултат на ефектите од глобалното загревање, собирот е во насока на демонстрирање солидарност со Русија, но и повторно истакнување на барањата за пожесток ангажман на нашата Влада во контекст на најголемата закана на 21-от век.

Руската Федерална шумска агнеција соопшти дека со огнената стихија се зафатени 2,5 милиони хектари шумски предели во Сибир.

Гринпис, пак, објави проценка дека огнот зафатил површина од 4,3 милиони хектари под шума и дека во воздухот е емутувано количество на јаглероден диоксид колку што за една година испуштаат 36 милиони автомобили.

МИА