Подрачното одделение-Битола при Дирекцијата за заштита и спасување,попладнето добило дојава за изгубено лице – странски државјанин, А.А.(25) од Холандија.Лицето се упатило од с.Нижополе кон Големо Езеро на Пелистер. По лоцирањето на изгубеното лице, тимот за брз одговор за спасување на планини, при Дирекцијата за заштита и спасување, излезе на терен, и во 15:10ч. го пронајде лицето над с.Нижополе, со лесна повреда на коленото. По санирањето на повредата, тимот за брз одговор за спасување на планини при ДЗС, безбедно го пренесе лицето до Битола, каде што е и сместено, соопшти Дирекцијата.
Објавено на: 08/8/19 6:31 PM