Валверде прашан за иднината на Кутињо даде прилично нејасен одговор – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/19 3:17 PM

Валверде прашан за иднината на Кутињо даде прилично нејасен одговор

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, прокоментира за трансфер ситуацијата околу Филипе Кутињо.

Самиот Валверде не е ни самиот сигурен дали во новата сезона Кутињо ќе го носи дресот на нивниот клуб.

„Кутињо? Сметам на него, но не знам што може да се случи во иднина, дали ќе остане или ќе замине. Засега е со нас, но не смееме ништо да исклучиме“, порача Валверде.

Ова е буквално отворена врата за евентуално заминување на Кутињо, а доколку тој реш ида премине во некој англиски клуб, тоа мора да го стори до денеска во 18 часот, кога завршува трансфер периодот на островот.

За Каталонците тој досега има одиграно 76 натпревари, со учинок од 21 гол и 11 асистенции, веројатно и премалку од очекуваното од ваков тип на играч.

Извор: sportclub.mk