Несторовски официјално промовиран: Кога дојде повикот од Удинезе, знаев дека тоа е тоа – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/19 2:42 PM

Несторовски официјално промовиран: Кога дојде повикот од Удинезе, знаев дека тоа е тоа

Илија Несторовски денеска и официјално беше промовиран во ново засилување за Удинезе.

По авантурата со Палермо и тамошните проблеми на клубот од Сицилија, Несторовски сметаше дека е време за нов предизвик и го избра клубот од Удине.

Македонецот денеска беше присутен на пресконференцијата пред новинарите и одговараше на нивните прашања.

„Сакам на сите во новиот клуб да им се заблагодарам за довербата која ми ја укажаа доаѓајки овде. Јас ќе се обидам да им заблагодарам на најдобар можен начин, да постигнам што повеќе голови. Сакав да му помогнам на Палермо, затоа останав во Серија Б, но не се вративме во Серија А. Кога дојде повикот од Удинезе, знаев дека тоа е мојот избор, иако имав мноштво други понуди, ова е голем чекор во мојата кариера“, порача Несторовски.

Извор: sportclub.mk