Активирање на нозете може да ви помогне да се спротивставите на желбата за слатки, покажува едно австралиско истражување.
Кај испитаниците кои оделе на подвижна лента 15 минути, забележале намалување на желбата за калорична храна и слатки за 23 проценти, додека кај оние кои мирувале немало промени.
Овој ефект е особено изразен кај лицата под стрес. Познато е дека физичката активност го намалува нивото на стрес, а со тоа ја намалува желбата за слатки кои имаат сличен ефект.
Кратка и енергична прошетка низ канцеларија може да биде од помош.
Извор: denar.mk