Градот кој некогаш во СФРЈ беше познат исклучиво по експлатацијата на сол денес е атрактивна туристичка дестинација со единствените солени езера, со богата гурманска понуда и со многу интересни случувања.
Производството на сол не беше многу исплатливо, но, сепак, солта уште еднаш ја покажа својата предност за натамошниот развој на Тузла, Бих. Најмногу со иградбата на единствениот комплекс на солени езера – популарното „тузланско море“, односно Панонските солени езера, гордоста на градот.
Изградбата на комплексот Панонски Езера, како што пренесуваат неколку медиуми од Балканот, почнала во 2003 година. По првото, комплексот е дополнително збогатен и со второ и трето езерце, со солени водопади, со многу туристички, здравствени и забавни содржини. Така настана комплексот Панонски Езера или популарната Паноника, единствениот комплекс на солени езера во Европа.