Финци најдоа решение за гладта – компанија направи брашно од воздух, вода и сонце – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/19 11:02 AM

Финци најдоа решение за гладта – компанија направи брашно од воздух, вода и сонце

Изреката дека не може да се живее од воздух повеќе не важи. Финската компанија  „Солар фудс“ (Соларна храна) планира наскоро на пазарот да пласира нов вид протеинско брашно – „солеин“, кое е направено од CO2, вода и од соларна енергија.

Се работи за високопротеински состав, налик на брашно, кое содржи 50 отсто белковини, пет до десет отсто масти и 20 до 25 отсто јаглени хидрати.

Наводно изгледало и имало вкус на пченично брашно, а би можело, по претставувањето во 2021 година, да биде една од главните состојки за многу прехранбени производи.